Add parallel Print Page Options

Исус е повозвишен од Мојсеј

Свети мои браќа, припадници на небесната покана: погледнете Го Исуса, Кого Бог Го испрати и Го назначи како Првосвештеник на нашата вера! Тој Му беше верен на Бог, Кој Го постави, исто како што Мојсеј верно служеше и му беше доверен целиот Божји дом. Но Исус заслужува поголема слава од Мојсеј, исто како што градителот заслужува поголема почит од градбата. Секоја куќа има свој градител, а Бог е градител на се.

Навистина, и Мојсеј беше верен во Божјиот дом, но само како слуга. Неговата работа беше илустрација на вистините што Бог подоцна ќе ги објави. Но Христос е верен Син и затоа Тој го раководи целото Божјо семејство, а тоа семејство сме ние, ако останеме храбри и не ја загубиме нашата надеж во Христос.

Треба да

и останеме верни на Божјата порака Затоа, како што вели Светиот Дух:

„Ако денес го слушнете Божјиот глас,

не стврднувајте ги вашите срца како вашите предци

кога кренаа бунт против Бог

и Го предизвикуваа во пустината!

Таму вашите предци Ме предизвикуваа,

иако четириесет години ги гледаа Моите дела!

10 Тогаш се разгневив против тие луѓе и реков:

Срцата на овие луѓе им се постојано во заблуди;

не ги слушаат упатствата што им ги давам!

11 Затоа, разгневен се заветував, велејќи им:

,Вие нема никогаш да влезете во местото на Моето спокојство[a]!‘ “

Непослушноста спрема Бог е погубна

12 Внимавајте, драги пријатели христијани! Не дозволувајте вашите срца да станат зли и да се исполнат со невера, па да отпаднете од Живиот Бог! 13 Напротив, секојдневно, охрабрувајте се еден со друг се додека има време кое може да се нарече ,денес‘, за да не бидете измамени од гревот и да станете нечувствителни.

14 Ако цврсто и докрај веруваме онака како што верувавме на почетокот, ќе имаме удел во се што Му припаѓа на Христос. 15 Не заборавајте го предупредувањето: „Ако денес го слушнете Божјиот глас, не стврднувајте ги вашите срца, како оние Израелци што кренаа бунт против Бога[b]“.

16 Кои беа тие луѓе што го слушнаа Божјиот глас, па се побунија против Него? Зар тоа не беа сите оние што излегоа од Египет под водството на Мојсеј? 17 Кои беа луѓето што го гневеа Бога четириесет години? Зар не беа тоа оние што згрешија, чии тела останаа во пустината? 18 Против кои луѓе Бог се заветува дека тие никогаш нема да влезат во местото на Неговото спокојство? Против оние што беа непослушни! 19 И така, гледаме дека не им беше дозволено да влезат во Неговото спокојство поради тоа што немаа вера.

Footnotes

  1. Евреите 3:11 Пс. 95:7-11.
  2. Евреите 3:15 Пс. 95:7-8.